Top Sport

Џордан за Дончиќ: Млад, а феноменален кошаркар

Мајкл Џордан, најдобриот кошаркар на сите времиња, во суперлативи зборува за новото заштитно лице на брендот „Ер Џордан“, Лука Дончиќ.

Репрезентативецот на Словенија минатата недела потпиша богат договор со „Најки“. Ва наредните години тој ќе носи само патики на овој бренд испирирани од Џордан.

„Лука е феноменален кошаркар иако е многу млад. Ќе биде вистинско уживање да се следи како ќе се развива во НБА“, рекол Џордан.

Дончиќ е избран за руки на сезоната 2018/2019, а во тековното првенство има просек од 29,3 поени, 9,6 скока и 8,9 асистенции по натпревар. Според она што го прикажува од почетокот на сезоната тој се наоѓа во најтесниот круг кандидати за МВП на сезоната.

Инаку компанијата „Најки“ не ги објaви финансиските детали од договорот со Дончиќ, соопштија само дека договорот е „богат и повеќе годишен“. Американските медиуми тврдат дека се работи за сума од 100.000.000 долари.

Scroll to Top