Top Sport

Роналдо: Халанд и Мбапе се типовите кои доаѓаат, фантастични се!

Португалскиот ас Кристијано Роналдо кој веќе има 36 години во претходните 13 години заедно со Лео Меси доминира во светскиот фудбал. Тие двајца освоија 11 од последните 12 Златни топки (лани не се доделуваше, а една година Лука Модриќ се закити со златното одличје).

Роналдо и Меси и понатаму се важни алки во своите екипи, но медиумите се погласно ги бараат нивните наследници.

„Тешко е со прст да се покаже само на еден играч, но возбудливо е да се гледаат новиве генерации што доаѓаат. Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе се типовите кои доаѓаат, фантастични се. Некои играчи можат да имаат една или две успешни сезони, но оние најголемите се способни да држат високо ниво многу долго. За тоа е потребно многу работа и труд. Се надевам дека ќе ме паметат како голем играч, како некој што напорно работел и секогаш давал се од себе за да и помогне на екипата. Сметам дека со тоа заслужив место во историјата“ вели Кристијано Роналдо.
Португалецот сезонава во првенството даде 29 гола на 33 меча.

Scroll to Top