Нов ден и нови инфорнации околу евентуалниот трансфер на Кристијано Роналдо. Не е тајна дека Португалецот сака да го напушти Манчестер јунајтед, исто како што не е тајна дека кај Ерик тен Хаг нема загарантирано место во стартниот состав. Исто така тој сака да игра во Лигата на шампионите.
Со неколку елитни европски клубови се поврзуваше Роналдо во досегашниот тек од преодниот рок, но тој се уште е на „Олд Трафорд“.
Последните информации говорат дека тој е понуден на Наполи. Наводно Наполитанците нема да се противат на овој трансфер. Сепак имаат неколку услови. Го сакаат Роналдо на позајмица и 100.000.000 евра за да го испратат Виктор Осимен во Јунајтед.
Исто така, предлогот бил 75 отсто од платата, која изнесува 24.000.000 евра, да ја плаќа клубот од „Олд Трафорд“.