Top Sport

Роналдо и Дибала „фатени“ како го обвинуваат средниот ред против Лион (видео)

Јувентус се наоѓаат пред предизвик по 1:0 поразот од Лион во првиот меч од осминафиналето на Лигата на шампионите, а атмосферата во клубот нема да се крене по последното видео во кое Кристијано Роналдо и Пауло Дибала се „фатени“ како го обвинуваат средниот ред за поразот.

Јувентус имаа очајно прво полувреме, и Роналдо и Дибала на паузата јасно посочија кој е виновен во разговорот на шпански јазик.

„Не оставија сами таму, фудбалерите од средниот ред не ни даваат ништо“, вели Роналдо.

„Никој не ја добива топката“, одговара Дибала.

„Знам, ништо, ништо“, додава Роналдо.

Јувентус во 90 минути игра на „Групама“ во Лион не упати ниту еден удар во рамките на голот на противникот.

Scroll to Top