Top Sport

Дибиров: Никој не ги исполни ветувањата кон Вардар

Тимур Дибиров во интервју за порталот „Балкан хендбол“ отворено зборуваше за ситуацијата во Вардар пред настапите во четврт-финалето од Лигата на шампионите и за тоа дали ќе замине од клубот.

Тој воопшто не гледа вина во однесувањето на сопственикот Сергеј Самсоненко, туку посочува дека некои ветувања кои беа дадени по минатогодишното освојување на Лигата на шампионите не се остварени.

„Човекот ни ја претстави ситуацијата. Седум години вложуваше свои пари и направи најмногу што можеше. Во мај минатата година ни кажа дека не може повеќе и дека ќе не исплати, но дека не може да продолжи. Почнавме да си бараме клубови и можевме да му кажеме само фала за тоа што направи со 50-100 играчи и со сите луѓе кои поминаа низ Вардар. Но, потоа, по финалето во Келн ни беше кажано дека на Самсоненко ќе му се помогне да го оддржи новото на клубот. Тој кажа дека останува ако има поддршка и дека оди на трета титула од ЛШ. Затоа сите останавме и чекавме стабилизација. Но, сега човекот кој сакаше да замине треба да ги преземе и ветувањата од други луѓе. На последниот состанок тој ни кажа: ’Знам што ми кажаа, што ми ветија, но имам респект и јас ќе ги покријам сите трошоци. Не знам кога, но ќе се обидам до крајот на сезоната. Не ми се верува дека луѓето велат, ќе дадеме, ќе дадеме, но нема ништо’“, вели меѓу другото Дибиров.

Фото: ЕПА

Scroll to Top