Top Sport

Роналдо и Мингс во боречка пресметка на Вила-Јунајтед

Тајрон Мингс и Кристијано Роналдо имаа среќа што поминаа со жолти картони за невообичаената пресметка пред голот на Астон вила на мечот со Манчестер јунајтед, во кој „ѓаволите“ се обидуваат да се вратат од 3:1 негатива.

Роналдо, кој стартуваше како капитен на „ѓаволите“ и покрај конфликтот со менаџерот Ерик Тен Хаг, во 60. минута додека се чекаше изведување на корнер на гостите, влезе во вистинска боречка пресметка со Тајрон Мингс, по која доби жолт картон, но ВАР проверката го „спаси“ од црвен. Мингс, неочекувано, остана без картон.

Scroll to Top