И покрај тоа што е една од најголемите фудбалски ѕвезди во историјата, Кристијано Роналдо не можеше да избега од „традицијата“ и мораше да запее пред своите нови колеги од Јувентус пред утрешното деби за „бјанконерите“.
Заедно со Жоао Кансело, Матија Перин и Емре Џан, но и повратникот во тимот Леонардо Бонучи, Роналдо мораше да се качи на столче и да испее песна.
33-годишниот Португалец се реши за песната на португалскиот рок-бенд Чутос е Понтапес, песна со наслов „А миња казиња“, иако му требаше мобилниот телефон да се потсети на текстот. Видеото го сними Миралем Пјаниќ и го сподели на својот Инстаграм акаунт.