Кристијано Роналдо ја збогати својата листа на рекорди со голот што го постигна синоќа во победата на Јувентус над Баер Леверкузен (3-0) во Лигата на шампионите.
Португалецот во 88 минута постигна гол со кој стави точка на победата на Јувентус. Роналдо го сруши рекордот на Икер Касилјас и сега тој има најмногу победи во Лигата на шампионите (102).
Португалецот го израмни и рекордот на некогашниот играч на Реал и Шалке, Раул. Овие двајца постигнувале најмалку по гол против 33 различни екипи.
Покра тоа Роналдо заедно со Меси и Раул стана играчот кој што 14 сезони по ред постигнал најмалку еден гол во Лигата на шампионите.
▪️ Overtakes Iker Casillas for most #UCL wins in history (102)
▪️ Equals Raul for most UCL opponents scored against (33)
▪️ Scores in 14th consecutive UCL seasonThe Champions League belongs to Cristiano Ronaldo ✨ pic.twitter.com/0RZd7G1nf9
— B/R Football (@brfootball) October 1, 2019