Top Sport

Роналдо излезе од болница, дијагнозата вели грип

Легендата на бразилскиот и светскиот фудбал, Роналдо Назарио беше пуштен од болницата во Ибица во вторникот откако добил „тежок грип“ додека бил на летување.

41-годишниот Роналдо беше примен во болница во петокот со наводна пневмонија, а сега клиниката каде што беше потврдува дека тој излезе од болница. Роналдо во неделата преку социјалните мрежи на своите фанови им објави дека нема проблеми и дека е подготвен да оди дома по „тешкиот грип“.

Роналдо се пензионираше во 2011 година по блескава кариера во која играше за Барселона, Интер, Милан и секако Реал Мадрид, освојувајќи ја светската титула со Бразил во 2002 година и добивајќи ја „златната топка“ во 1997 и 2002 година.

Роналдо добил пневмонија, завршил во болница на Ибица!

Scroll to Top