Top Sport

Роналдо добил пневмонија, завршил во болница на Ибица!

Шпанскиот портал „Спорт“ јавува дека поранешниот бразилски напаѓач, легендарниот Роналдо е во болница на островот Ибица во Шпанија откако добил пневмонија.

Според локалниот весник „Диарио де Ибица“, Бразилецот бил примен во болницата в петок, и во моментов е во одделот за интензивна нега. Тој бил на одмор на Ибица, кога се пожалил на болки во градите и заминал на преглед, кога му била дијагностицирана пневмонија.

По ова, тој си заминал од јавната болница за да биде примен во приватна клиника, каде што третманот оди добро.

Роналдо имаше славна кариера во Европа и уште според многумина еден од најдобрите напаѓачи во историјата. По трансферот како тинејџер во ПСВ Ајндховен, тој потоа потпишува за Барселона,  па за Интер. Вистинска легенда станува во Реал Мадрид каде што во 177 натпревари постигна 104 голови. Со бразилската репрезентација го освои СП во 2002 година, и одигра 98 натпревари во кои постигна 62 гола.

Scroll to Top