Top Sport

Роналдо ја бара капитенската лента од Мегваер?

Британските медиуми не престануваат со написите околу борбата за моќ во соблекувалната во Манчестер јунајтед, откако по извештаите дека Кристијано Роналдо има своја „група“ меѓу играчите, сега се тврди дека Португалецот сака да му ја земе капитенската лента на Хери Мегваер.

Според „Дејли мирор“, во тимот на Ралф Рангник има нова криза, прво поради незадоволството од Роналдо од формата на тимот и покрај неговите 15 гола во 27 настапи по враќањето на „Олд Трафорд“, но и од лидерството на тимот, сметајќи го Хери Мегваер „недораснат“ за позицијата капитен.

Според весникот, Рангник веќе преговара со двајцата и бара Мегваер да му ја предаде капитенската лента на Роналдо до крајот на сезоната. 28-годишниот Мегваер, кој дојде во Јунајтед за рекордни 80 милиони фунти во 2019, е постојано мета на критики за својата игра, но не сака да се откаже од позицијата на капитен и се чувствува „постојано поткопуван“ од Роналдо, кој има огормно влијание на младите фудбалери.

Scroll to Top