Top Sport

Диого Коста португалски херој, ја елиминира Словенија

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата беше мотивиран да постигне гол од самиот старт на натпреварот, но одбраната на Словенија одлично се снајде. На крајот од судиското продолжение Кристијано Роналдо имаше шанса да и донесе водство на Португалија од пенал, но не успеа.

Драма, следуваше пенал завршница.

Искуството си го направи своето, Португалија оди понатаму.

Тие  ја совладаа Словенија на пенали и со тоа се пласираа во четврт-финалето на ЕП. Регуларниот дел од натпреварот заврши со резултат 0:0, како и дополнителни половина час игра.

Во четврт-финалето Португалија ќе игра против Франција која со 1:0 ја победи Белгија.

Португалскиот голман Диого Коста, кој ги одбрани сите три удари на Словенците е херој на мечот.

Од почетокот на играта Словенците беа поставени во карактеристична формација 4-4-2. Кристијано Роналдо имаше многу проблеми, неговиот најдобар напор во првото полувреме беше неговиот слободен удар во 34. минута.

Тој шутираше од околу 20 метри, а топката отиде само над стативата.

Португалија најблиску дојде до гол во втората минута од судиското надополнување во првото полувреме, кога Палиња силно повлече од работ на шеснаесетникот.

Топката мина покрај десната статива од голот на Облак.

Во првото полувреме Словенците напаѓаа само неколку пати, но не успеаја да создадат голема шанса.

 

 

 

 

 

 

 

Португалија ја мина групната фаза како првопласирана во групата Ф пред Турција, Грузија и Чешка.

Словенија беше трета во групата Ц пред Србија и зад Данска и Англија.

 

 

Scroll to Top