Top Sport

Роналдо ја „лајкнал“ објавата дека Меси не ја заслужил Златната топка

Фудбалските фанови, аналитичари, актуелни и сегашни фудбалери, тренери, уште долго ќе се препукуваат на темата дали Лионел Меис ја заслужил Златната топка. Аргентинецот во понеделникот седми пат во кариерата ја освои оваа награда.

Меси победи пред Левандовски и Жоржињо. Кристијано Роналдо прв пат од 2010 година не беше меѓу најдобрите тројца. „Франс фудбал“ го смести Португалецот на шестото место.

„Во чии раце на крајот заврши наградата? Секако кај Меси, кој го освои само Купот на кралот со Барселона. Нема постигнато гол пртив Реал од моментот кога Роналдо го напушти клубот, го немаше никаде на големите натпревари оваа година и ја освои Копа Америка, која треба да се одржува на секои четири години. Не постигна гол во полу-финалето и финалето. Игра лошо за ПСЖ“, пишува на профилот креиран од фановите на Роналдо. Овој профил го следат 330.000 луѓе.

„300 отсто оваа награда треба да биде за Роналдо. Не е важно што со ножички го постигна најубавиот гол, што е првак со клубот, најдобар стрелец каде и да игра…тие секогаш ќе најдат начин да му го одземат признанието. Со Меси се е поинаку. Може да има лоша сезона, сепак ќе најдат начин да му ја врачат наградата. Грабеж. Срамота! Жално. Секој паметен знае кој требаше да ја добие наградата. Да ја добиеш наградата која не си ја заслужил е лажна среќа без гордост. Без оглед на ова, Кристијано засекогаш ќе биде најдобриот во историјата“, стои во објавата на која лајк ставил и Роналдо. Портгалецот дури и оставил коментар.

„Факти“.

Овој негов коментар има 70.000 лајкови и 16.000 коментари.

Scroll to Top