Top Sport

Сѐ ќе беше поинаку доколку Сена ја прифатеше понудата од Ферари

Поранешниот шеф на Ферари, Жан Тод, открил дека малку недостигало Аиртон Сена во 1994 година да се пресели во тимот од Маранело.

Еден од најдобрите возачи во историјата на Формула 1, загина во болидот на Вилијамс, на патеката во Сан Марино на 1.мај 1994 година.

„Неколку недели откако дојдов во Ферари го запознав Аиротн Сена во еден хотел цо Монца. Му понудив да дојде во Ферари 1995 година, тој сакаше да се пресели веднаш кога веќе треба да го смени тимот. Проблемот беше што ние имавме двајца возачи под договор, Жан Алези и Герхард Бергер и не можевме да го донесеме веднаш“, рекол Тод.

По загинувањето на Сена, Ферари започнаа да го следат Михаел Шумахер кој возеше за Бенетон. Со Ферари, Шумахер, успеа да освои пет шампионски титули.

Scroll to Top