Top Sport

Роналдо ја пропушта церемонијата за Златната топка, не сакал Ван Дајк да биде пред него

Шпанските медиуми од пред неколку дена тврдат дека е познат добитникот на „Златната топка“. Церемонијата на доделувањето ќе се одржи на 2 декември, а во конкуренција се Лионел Меси, Вирџил ван Дајк и Кристијано Роналдо.

Меси и Ван Дајк ги поделија наградите за играч на годината. Меси ја доби нагрдата на ФИФА, а Ван Дајк онаа што ја доделува УЕФА.

Медиумите на Пиринеите тврдат дека „Златната топка“ за 2019 година ќе ја добие Лионел Меси. Аргентинецот досега во кариерата пет пати ја добил оваа награда. Исто толку пати лауреат бил и Кристијано Роналдо.

Веднаш откако Шпанците објавија дека е познат добитникот на нагрдата, Италијаните возвратија со тврдењата дека Роналдо нема да се појави на церемонијата.

Причината е помалку бизарна. „Тутоспорт“ тврди дека Португалецот немал ништо против Меси да ја добие „Златната топка“, но не сакал во конечното гласање да заврши на третото место, значи не само зад Меси, туку и позади Ван Дајк.

Инаку, Меси и Роналдо, минатата година не се појавија на церемонијата на која Лука Модриќ го прекина нивното десет годишно владеење во изборот на „Франс Фудбал“.

Scroll to Top