Кристијано Роналдо заедно со своето семејство беше во посета на Мароко, каде што во Маракеш се гради неговиот нов „ЦР7 хотел“, кој треба да се отвори во 2020 година.
Ѕвездата на Јувентус, во соработка со најпознатиот ланец на хотели во Португалија, „Пестана“, веќе има изградено четири хотели, а сега Роналдо заедно со неговата партнерка Георгина Родригез и со најстариот син Кристијано Роналдо Јуниор ја искористи паузата за да провери до каде се работите.
„Посета на идниот ’Пестана ЦР7 Маракеш’, кој се отвара на почетокот на 2020, нашиот најнов и највозбудлив хотел“, напиша Роналдо.
Ова е само еден од бизнис-проектите на Португалецот, кој неодамна во Мадрид отвори клиника за пресадување на коса, во која наводно главен менаџер ќе биде токму Георгина.