Top Sport

Роналдо како Ѓоковиќ – нокаутираше стјуард пред мечот со Јанг бојс

Кристијано Роналдо имаше необичен инцидент пред стартот на мечот од Лигата на шампионите против Јанг бојс во Берн, откако на загревањето една негова топка нокаутираше еден стјуард, пои што Португалецот отиде да провери дали работите се во ред.

Инцидентот помалку наликуваше на дисквалификацијата на Новак Ѓоковиќ од САД опен минатата година, кога тој удри едно топче директно во вратот на една линиска судијка, заработувајќи суспензија.

Роналдо удари од далечина, очигледно се проценил и ја удрил кутрата жена, која беше испружена на тартанот покрај теренот. Секако, за ова тој не сноси никаква санкција.

Ѓоковиќ дисквалификуван од САД опен!

Scroll to Top