Top Sport

За Марадона, Кун Агуеро останува „зацрнет“

По сè изгледа Диего Марадона уште не му простил на Серхио Агуеро, откако ѕвездата на Манчестер сити пред пет години се разведе со неговата ќерка Џанина.

На последната фотографија споделена на социјалните мрежи од Матијас Морла, лицето на Кун Агуеро е „зацрнето“, иако во рацете го има својот син, односно внукот на Марадона.

Агуеро беше оженет со Џанина Марадона, најмладата ќерка на Марадона, а во 2009 година го добија синот Бенхамин, а посебен гостин им беше токму Марадона. По четири години заедно двојката се раздели во 2012 година.

Scroll to Top