Top Sport

Роналдо: Кариерата ќе ја завршам во Спортинг Лисабон

Еден од најдобрите фудбалери на планетата Кристијано Роналдо откри каде би сакал да ја заврши фудбалската кариера. Тој полека влегува во последната етапа од фудбалската кариера и има голема желба да се врати во Спортинг Лисабон, клубот во кој израсна и без кој немаше да стане тоа што е.

„Кариерата ќе ја завршам во Спортинг. Морам да им се оддолжам барем уште една сезона. Ме скаутираа додека никој не виде ништо посебно во мене, ме создадоа како играч и без нив веројатно би работел во Мекдоналдс“, изјави Роналдо.

Навивачите на Спортинг секако се воодушевени од планот на славниот Португалец. Роналдо пред повеќе од две децении дебитираше за клубот од Лисабон, неговото враќање би било „филмско“.

Scroll to Top