Повредата на Кристијано Роналдо не е сериозна, соопшти неговиот клуб Јувентус. Во Торино се сигурни дека Португалецот ќе биде подготвен за дуелите со Ајакс во четврт-финалето во Лигата на шампионите.
Кристијано Роналдо, се повреди во понеделникот, во текот на квалификацискиот натпревар помеѓу Португалија и Србија (1:1). Најдобриот португалски фудбалер еше заменет по 30 минути игра.
Јувентус, минатото лето го реализира трансферот на Роналдо со цел да ја нападне титулата во Лигата на шампионите.
Поради тоа тој нема да игра до првиот дуел со Ајакс на 10 април. До мечот со Холанѓаните, Јувентус ќе одигра три натпревари во првенството со Емполи, Каљари и Милан.
Роналдо, во Серија А, има постигнато 19 гола и во моментов е најдобар стрелец заедно со ветеранот од Самдорија, Фабио Кваљарела.