Top Sport

Роналдо ќе чини 100 милиони, а веќе донесе 160 милиони за Јуве

Само шпекулациите беа доволни Јувентус да добие „Роналдо ефект“, откако во последните три дена акциите на клубот пораснаа за 22 отсто, односно клубот веднаш вреди за 160 милиони евра повеќе.

Парите кои „старата дама“ ќе треба да ги даде за ЦР7 се 100 милиони евра, огромна сума за 33-годишен фудбалер, кој ќе заработува околу 30 милиони евра годишно. Јувентус според берзата сега вреди 825 милиони евра, а пред три дена „само“ 665 милиони евра.

Платата Роналдо би ја добил и преку други „канали“ на сопствениците, семејството Ањели, кои се сопственици на холдинг-компанијата „Ексор“, која го контролира Ферари, Фиат и Џип. Според „Медиасет“, Роналдо дефинитивно ќе биде новото заштитно лице на Ферари, со што ќе добие 20 милиони евра по сезона кои ќе бидат надвор од структурата на плати во клубот.

Во исто време  се јави неговиот долгогодишен агент Жорге Мендеш.

Мендеш во средата навечер беше на „итен“ состанок со претседателот на Реал, Флорентино Перез, и во изјава за португалскиот весник „Рекорд“ најави „нова сцена и нов предизвик во брилијантната кариера“ на неговиот клиент.

„Ако Кристијано Роналдо замине од Реал Мадрид, тој ќе биде вечно благодарен на клубот, на претседателот и на целиот тим, од медицинските лица, до навивачите и сите ’мадридисти’ низ целиот свет. Тоа би се случило  за нова сцена и нов предизвик во брилијантната кариера“, вели Мендеш.

Scroll to Top