Top Sport

Калиниќ пред трансфер во Атлетико, Заза доаѓа на „Сан Сиро“

Никола Калиниќ и Милан се договориле за трансфер со Атлетико Мадрид, јавува „Спортиталија“, во договор со кој Кевин Гамеиро ќе биде „пратен“ во Валенсија, а Симоне Заза ќе заврши кај „росонерите“.

Договорот за хрватскиот репрезентативец наводно веќе е завршен, а на „Ванда метрополитано“ Калиниќ ќе заработува идентични 3 милиони евра годишно. 30-годишниот напаѓач беше избркан од хрватската репрезентација од Мундијалот во Русија откако одби да влезе како замена во последните минути од мечот со Нигерија.

Калиниќ дојде во Милан од Фиорентина за 25 милиони евра плус бонуси минатото лето, но имаше разочарувачка сезона со само шест гола во сите натпреварувања. Тој договор првично беше позајмица со задолжителна опција за купување, и најверојатно ќе се примени и за договорот со Атлетико.

Прво, Гамеиро треба да биде продаден на Валенсија, со што овој клуб ќе дозволи Заза да дојде во Милан.

Фото: ЕПА

Scroll to Top