Top Sport

Роналдо ќе добие нов договор

Кристијано Роналдо наскоро ќе добие нов договор од Реал. Шпанскиот „АБЦ“ пренесува дека претседателот Флорентино Перез е подготвен на се само са да го задржи Португалецот во клубот.

Според истиот извор Перез на Португалецот ќе му понуди годишна плата од 26,5 милиони фунти.

Актуелниот договор на Роналдо истекува во јуни 2021 година, кога тој ќе има 36 години, но со оглед на начинот на кој игра сигурно е дека уште неколу сезони ќе игра на високо ниво.

Роналдо сезонава има одиграно 26 натпревари за Реал, на кои има постигнато 20 гола.

Scroll to Top