Top Sport

Роналдо ќе добие нов договор

Кристијано Роналдо ќе потпише нов договор со Јувентус. Роналдо наскоро ќе наполни 36 години, но тоа не му пречи и понатаму да биде еден од најдобрите напаѓачи во светот. Во вторникот, со два гола им ја донесе победата на Јувентус над Интер, во Милано, во првиот полу-финален меч во Купот на Италија.

Медиумите на Апенинскиот полуостров тврдат дека Португалецот ќе ја продолжи соработката со Јувентус до јуни 2023 година.

Актуелниот договор на Роналдо со „старата дама“, истекува на 30.јуни 2022 година.

Според овој план на Јувентус, Роналдо кариерата ќе ја заврши во Торино.

Од почетокот на сезоната, Кристијано Роналдо, има одиграно 23 натпревари за Јувентус, на кои постигнал 22 гола.

Scroll to Top