Кристијано Роналдо е убедливо најплатениот фудбалер во Серија А и заработува три пати повеќе од следниот на листата, Гонзало Игуаин, објавува новиот извештај на италијанскиот „Тутоспорт“.
Португалската ѕвезда направи трансфер од 100 милиони евра од Реал Мадрид и уште нема постигнато гол во првите три натпревари за Јувентус, привлекувајќи доста критики од дел од навивачите.
Листата на најдоброплатени фудбалери во Серија А беше очекувана, но сепак, изненадува што 33-годишниот ветеран заработува 31 милиони евра годишно (а има четиригодишен договор), трипати повеќе од Гонзало Игуаин, кому Милан оваа сезона ќе му исплатат 9.5 милиони по сезона. По Игуаин, следува неговиот аргентински сонародник Пауло Дибала на 7 милиони евра, а Миралем Пјаниќ со новиот договор има 6.5 милиони евра плата.