Кристијано Роналдо ги предизвикал кандидатите за Златната топка, Мохамед Салах, Килијан Мбапе и останатите да доминираат во наредната деценија, како што тој и Лионел Меси го правеле во изминатите десет години. Португалецот и Аргентинецот во претходната деценија освоија по пет Златни топки.
Кристијано Роналдо, минатата сезона постигна 44 гола во сите натпреварувања, а со Реал Мадрид ја освои третата титула во низа, во Лигата на шампионите.
Сепак не успеа да оствари добар резултат со репрезентацијата на Светското првенство. Португалија на Мундијалот испадна од Уругвај во осмина-финалето.
„Номинирани се како и секогаш речиси исти играчи. Не знам дали оваа година Меси ќе биде на подиумот. Ќе решам дека Салах, Модриќ, Гризман, Варан и Мбапе имаат шанси…Генерално, најголеми шанси имаат Французите, тие се светски шампиони. Ќе видиме кој ќе биде тука во наредните десет години, како што во изминатите години бевме јас и Меси“, рекол Роналдо и дополнил.
„Сите би сакале да видат крај на една ера, но тоа нема да биде случај. Бев и ќе бидам тука. Го заслужувам тоа. Доволно зборува мојот учинок на теренот. Немојте да ме отпишувате. Знам дека сум еден од најдобрите фудбалери на сите времиња. Секако дека сакам и шести пат да ја освојам Златната топка. Работев напортно за такво нешто“.
„Франс фудбал“ наградата Златна топка ќе ја додели на 3.декември во Париз.