Top Sport

Челси се заинтересирани за Сусо

Челси во јануарскиот преоден рок ќе се обиде да го реализира трансферот на фудбалерот на Милан, Сусо, објавија во средата италијанските медиуми.

Доколку „сините“ успеат да ги остварат своите намери, тогаш Сусо по три години повторно ќе се врти во Англија. Шпанецот од 2010 до 2015 година беше во Ливерпул, но во овој клуб никогаш не добил шанса да ги покаже своите квалитети.

Вниматието врз себе овој 24-годишен фудбалер го привлече откако се пресели во редовите на Милан. Сезонава тој е најдобриот играч на Милан. Директно влијаел во постигнувањето на десетте од 11. гола на Милан во Серија. Сусо има учинок од три гола и седум асистенции.

Според шпекулациите Челси бил подготвен за услугите на Сусо да понуди 40 милиони евра, колку што изнесува клаузулата за откуп на неговиот договор.

Scroll to Top