Top Sport

Роналдо, конечно, го „реши“ Фросиноне (видео)

Кристијано Роналдо ги надмина фрустрациите од контроверзниот црвен картон против Валенсија во текот на неделата, за да биде човек на одлука на гостувањето на „старата дама“ кај Фросиноне и со гол во финишот на мечот обезбеди продолжување на стоотстотната успешност на шампионот по шест кола. Бернардески во финишот на натпреварот стави печат на победата.

„Бјанконерите“ стартуваа со Кристијано Роналдо и Пауло Дибала, но без суспендираниот Даглас Коста, и се очекуваше дека Фросиноне ќе биде „лесен залак“, посебно бидејќи загубија со 4:0 од Аталанта и 5:0 од Сампдорија.

Роналдо имаше совршена шанса по само седум минути, но Марко Спортиело го спаси голот во последен момент. Но, Јуве остана исфрустриран сѐ до 82. минута, кога по една мешаница пред домашниот гол, топката дојде до Португалецот, кој од десетина метри без мака го совлада голманот Спортиело. Ова е трет гол во Серија А за португалскиот ас.

Фернандо Бернардески во 94. минута стави точка на натпреварот, откако Роналдо поведе еден брз контранапад и на Бернардески не му беше тешко да ја потврди победата.

Фото: ЕПА


Scroll to Top