Top Sport

Роналдо лут што се сомневаат во неговата професионалност

Кристијано Роналдо, според „Дејли мејл“ е незадоволен од шпекулациите во англискиот печат, овојпат откако не се појави на тренинзите на Манчестер јунајтед и беше потврдено дека нема да патува со клубот на азиската турнеја.

Јунајтед му дозволи на Роналдо да остане во Лисабон со неговата партнерк Георгина Родригез и нивните деца, додека во исто време се шпекулира дека побарал излез од клубот по само 12 месеци откако пристигна од Јувентус, незадоволен со засилувањата кои пристигнаа во тимот. Сепак, според „Дејли мејл“, тој е најмногу незадоволен што се става под знак прашалник неговата професионалност и наводното „одбивање“ да се врати на работа.

Дури и во официјалното соопштение на Јунајтед се посочува ова.

„Кристијано Роналдо нема да биде дел од тимот на Манчестер јунајтед кој ќе патува на пред-сезона во Тајланд и Австралија. Тој доби дополнително време за семејни работи. Кристијано останува под договор со Манчестер јунајтед уште една сезона и не е на продажба“, се велеше во соопштението на клубот.

Scroll to Top