Top Sport

Роналдо: Мбапе е сегашноста и иднината на фудбалот

Кристијано Роналдо рекол дека Килијан Мбапе е фантастичен напаѓач кој ќе ја обележи историјата на фудбалска игра.

„Тој е сегашноста и иднината на фудбалот. Фантастичен играч, страшно е брз. Да, дефинитивно е иднината на фудбалот“, рекол Португалецот.

Изјавата на Роналдо доаѓа откако пред неколку дена Мбапе му порачал дека поради него започнал да игра фудбал.

„Доколку си Французин логично е фудбалот да го засакаш покрај Зинедин Зидан. Но мојот идол беше Кристијано, против кого имав среќа да играм и на клупско и на репрезентативно ниво. Тој секогаш ме инспирирал“, рекол Мбапе.

Килијан Мбапе има 21 година, досега во кариерата има титула од Светското првенство во Русија и три титули во првенството на Франција (една со Монако и две со ПСЖ).

Scroll to Top