Top Sport

Македонија остана на 68 место

Светската куќа на фудбалот, ФИФА, во четвртокот го објави последното рангирање на фудбалските репрезентации. Македонија остана на истата позиција од претходното рангирање.

ФИФА ја објави првата ранг-листа оваа година на која Македонија го задржа 68 место на кое се наоѓаше на последното рангирање на 19 декември минатата година. Македонија на листата има 1.347 поени.

Противникот на Македонија во плеј-офот за пласман на Европското првенство, Косово се наоѓа на 115 место. Селекциите кои ја формираа втората двојка во полу-финалето Белорусија и Грузија се на 87, односно 91 место.

На најновата листа на ФИФА нема промени ниту во редоследот на најдобрите десет репрезентации. На првото место е Белгија, пред Франција и Бразил, а потоа следуваат Англија, Уругвај, Хрватска, Португалија, Шпанија, Аргентина, Колумбија.

Scroll to Top