Колегите на Кристијано Роналдо од Манчестер јунајтед го мотивирале Португалецот со тоа што му кажувале како Лионел Меси е многу подобар фудбалер, но тој секогаш имал ист одговор, открива Питер Крауч во неговата нова книга.
Роналдо дојде на „Олд Трафорд“ од Спортинг Лисабон во 2003 година и помина шест години со англискиот клуб, по што замина за Реал Мадрид, пред ова лето да направи трансфер во Јувентус. Во својата нова книга, поранешниот фудбалер на Ливерпул, Питер Крауч открива што се случувало.
„Рио Фердинанд секогаш ми ги кажуваше приказните за Кристијано Роналдо и како тој стоел гол пред огледалото со раката на косата и велел: ’Леле, колку сум прекрасен’. Другите фудбалери на Јунајтед се шегувале и му велеле колку Лео Меси е подобар фудбалер од него, но тој секогаш одговарал со насмевка: ’Да, но Меси не изгледа вака!’“, пишува Крауч.