На на најславните светски фудбалери не им се носат заштитни маски. Кристијано Роналдо мораше да добие потсетување да ја стави својата маска додека ја гледаше португалската репрезентација како стигнува до убедлива 4:1 победа над Хрватска на „Драгао“ во Порто во саботата навечер.
Роналдо не беше во тимот поради инфекција на палецот на ногата (за која шпекулациите велат дека ја добил по каснување од пчела), но тоа не пречеше Португалија да стигне до деветтата победа во 10 меча.
Една вработена на стадионот ја доби незгодната работа да го потсети Роналдо да ја стави маската според протоколот, и иако беше очигледно дека тоа не му беше многу по кеиф, тој ја послуша.
Ronaldo forgot to wear his mask in the stands tonight and one brave lady wasn’t having it ? ?
?: @Esp_Interativopic.twitter.com/O1eNOWII8z
— Goal (@goal) September 5, 2020