Top Sport

Роналдо му даде гол на Челси, реми на „Олд Трафорд“

Манчестер Јунајтед и Челси ремизираа 1:1 на „Олд Трафорд“ во дуел на кој гостите од Лондон доминираа, но, сепак, Кристијано Роналдо успеа да постигне гол за да им донесе бод на „ѓаволите“. Тимот на Томас Тухел имаше многу шанси, Де Хеа посебно во првиот дел беше одличен и неколкупати излезе како победник против Каи Хаверц, а во 60.минута конечно успеа да го совлада Маркос Алонсо.

Челси преку Рис Џејмс во 80.минута го погоди и дирекот, имаше многу повеќе шутеви кон противничкиот гол, но Роналдо во 62.минута постигна погодок кој на крајот беше доволен за Манчестер Јунајтед да освои еден бод. Тоа е прв гол за Роналдо против Челси во Премиерлигата.

Scroll to Top