Кристијано Роналдо потпиша за Ал Наср еден месец пред неговиот 38 роденден. Тој потпиша договор на две и пол години, а неговата годишна плата ќе биде околу 200 милиони евра, но во таа сума е вклучен и комерцијалниот дел од договорот, пренесува Фабрицио Романо. Ова е највисоката плата во историјата на фудбалот, па Роналдо за време на договорот ќе заработи половина милијарда евра.
Роналдо беше без клуб повеќе од еден месец откако на 22. ноември спогодбено го раскина договорот со Манчестер јунајтед.
Португалецот, кога никој во Европа не покажа интерес за него, реши да замине по богат договор на Блискиот исток. А во минатото, тој се потсмеваше со фудбалерите кои решија кариерите да го завршта на вакви егзотични дестинации. На некои медиуми се појави изјавата на Роналдо за Чави кога тој играше во Катар.
Имено, Чави на 35 години замина во катарски Ал Сад и таму играше последните четири сезони од кариерата. Роналдо во тоа време играше за Реал и не му се допаднаа некои коментари на Чави. Вака тој реагираше на него: „Зошто би ми било важно што ќе каже Чави? Па, тој игра во Катар, па тој е целосно небитен“.
Throwback to Ronaldo joking about Xavi playing in Qatar. Life comes at you fast 😂 pic.twitter.com/YfsudBXvbs
— 𝑭𝑨𝑫𝑰 ⚡️🇲🇦 (@FCBFadi10) December 30, 2022