Фудбалерите на Јувентус во недела играат против Сампдорија во првото коло од новата сезона во Серија А. До тогаш играчите се уште го користат правото на краток одмор, меѓу нив е првата ѕвезда во тимот – Кристијано Роналдо.
Тој вчера на социјалните мрежи објави фотографија од јахта на која позира во пижами „Louis Vuitton“ вредни 2.000 евра.
Набрзо потоа тргнаа коментарите. Еден од најинтересните беше: „Дали е тоа дресот на Манчестер Јунајтед?“.
Какви и коментари да стигнат на негова адреса, Роналдо никогаш не се впушта во дискусија со неговите обожаватели.
What a beautiful ?? pic.twitter.com/GvOCmoBKjt
— Cristiano Ronaldo (@Cristiano) September 14, 2020