Top Sport

Изненадување во Рим, Циципас елиминиран од анонимен Италијанец

Грчкиот тениски ас, Стефанос Циципас кој моментно е шести тенисер во светот сензационално го заврши настапот на Мастерсот во Рим уште во второто коло откако беше елиминиран од домашниот тенисер, Јаник Синер кој е на 81-та позиција на АТП листата.

Синер славеше триумф против Циципас со 2-1 или по сетови 6-1 6-7 и 6-2.

Уште на стартот на мечот Синер изненади со агресивната игра, направи брејк уште на стартот, а Гркот успеа да освои само еден гем.

Во вториот сет се одвиваше вистинска лудница.

Синер во вториот гем стигна до брејк, па лесно и брзо дојде до предност од 3-0. Циципас се врати во игра, а сетот отиде да се одлучува во тај брејк. Фаворитот беше за нијанса посмирен и успеа да го добие со 11-9.

Во третиот одлучувачки сет делуваше дека Циципас има психолошка предност, но Синер ја повтори играта од првиот сет и со два брејка стигна до недостижни 4-0 кои ги задржа за конечен триум и елиминација за третиот носител на Мастерсот.

Синер во осминафиналето ќе игра против победникот од дуелот Димитров – Нишиока.

Scroll to Top