Европскиот првак Реал во осмина-финалето, во Лигата на шампионите, ќе вкрсти со францускиот првак ПСЖ во првото деби во нокаут фазата, а второт дерби ќе го играат Челси и Барселона.
Внимание по денешната ждрепка во Нион ќе привлече и дуелот помеѓу Јувентус и Тотенхем.
Останатите фаворити добија противници по мерка тимовите од Манчестер Сити и Јунјетд ќе вркстат со Базел односно Севилја, Баерн Минхен го доби Бешикташ, Ливерпул ќе игра против Порто, а Рома го извлече Шахтјор.
Осмина-финални двојки во Лигата на шампионите:
Јувентус-Тотенхем
Базел-Манчестер Сити
Порто-Ливерпул
Севиља-Манчестер јунајтед
Реал Мадрид-ПСЖ
Шахтјор-Рома
Челси-Барселона
Баерн Минхен-Бешикташ
Првите осмина-финални натпревари ќе се одиграат на 13 и 14 февруари, односно на 20 и 21 февруари, а реваншите се на 6 и 7 март, односно на 13 и 14 март.
Титулата ја брани Реал Мадрид, а финалето оваа сезона ќе се одигра на Олимпискиот стадион во Киев на 26.мај.