Кристијано Роналдо, по новата трансфер-сага и барањето да си замине од Манчестер јунајтед, беше стартер на „Олд Трафорд“, каде што „ѓаволите“ одиграа 1:1 со Рајо Валјекано на македонскиот голман Столе Димитриевски во последната подготовка пред стартот на премиерлигашката сезона.
Роналдо беше во игра во првото полувреме, во кое на голот беше токму Димитриевски, пред двајцата да бидат заменети во второто. Амад Дијало, фудбалерот кој влезе во игра на местото на Роналдо, ги донесе домаќините во водство во 48. минута од мечот, но Рајо успеа да израмни преку Алваро Гарсија.