Top Sport

Роналдо не му веруваше на судијата, го проверуваше неговиот часовник

Кристијано Роналдо тргна по раката на судијата Даниеле Орсато за да ја провери гол-техонолгијата, откако ја погоди пречката на вчерашниот меч со Рома.

Португалецот го постигна првиот гол во 2:0 победата, и за малку ќе имаше и втор гол, откако неговиот удар се одби од Мараш Кумбула и се одби од внатрешната страна на пречката и надвор од голот.

Откако прво жалењето кон помошникот судија помина без резултат, тој отиде кај Орсато, кој му посочи дека постои технологија за поминување на гол-линијата и дека ја проверил, но Роналдо сакаше сам да погледне.

Scroll to Top