Кристијано Роналдо не престанува да се чести со скапи подароци, откако според весникот „Кориере дела сера“ си купи ново Бугати Чентодјечи за 9 милиони евра.
Со 8-литарски В16 мотор и 1.600 коњски сили, Чентодјечи достигнува 100 километри на час за само 2.4 секунди и има максимална брзина од неверојатни 380 км/ч. Чентодјечи (110) ќе биде изработен во само 10 примероци во лимитирана серија, но Роналдо е редовен купувач на автомобили од компанијата и ќе мора да почека до 2021 пред да го добие автомобилот.
Роналдо има Бугари Чајрон, Бугати Вејрон и Бугати Ле Вотур Ноар, за кој минатата година плати 18 милиони долари. Покрај ова во колекцијата на ЦР7 се наоѓаат и Ферари Ф430, Ролс-Ројс Фантом, Ламборгини Авентадор, Масерати ГранКабрио, Бентли Континентал и Мекларен Сена.