Шпекулациите околу можното заминување на Кристијано Роналдо од Јувентус продолжуваат, откако францускиот весник „Л’Екип“ тврди дека Португалецот се откажал од надежта за трансфер во Пари Сен-Жермен и сега сака преселба во Манчестер сити, нешто што сигурно би ги налутиле неговите стари фанови од Манчестер јунајтед.
Роналдо ја одработува последната година од договорот со Јувентус, и според весникот веќе им кажал на своите сонародници и играчи на Сити, Бернардо Силва, Рубен Дијаш и Жоао Кансело дека сака да заврши во нивно друштво.
Сити, пак, уште се надеваат дека можат да се договорат со Тотенхем за трансферот на Хери Кејн, и не се подготвени да платат голема отштета за Роналдо, и единствено е можно да се договорат со Јувентус за „трампа“ на играчи.
Cristiano Ronaldo se voit à Manchester City : https://t.co/7bEwxUVhCH pic.twitter.com/6M4rsRXH21
— L'ÉQUIPE (@lequipe) August 24, 2021