Кристијано Роналдо можеби здодеа со своите фотографии на одморите во Грција и во Франција со Георгина Родригез, но ѕвездата на Јуве повторно се врати на своите обврски, решавајќи да поработи на спринтот со поранешниот португалски тркач на 100 метри, Френсис Обиквелу.
Иако веќе има 34 години, Роналдо покажува дека уште може да се „носи“ на највисоко ниво, и очигледно никогаш не престанува со подобрувањето на своите квалитети.