Top Sport

Вентура ќе ја носи Салернитана во Серија А!

Џампјеро Вентура, поранешниот италијански селектор кој не успеа да ја однесе својата нација на СП во Русија во 2018 година, е нов тренер на второлигашот Салернитана, кои решија да му дадат едногодишен договор на 71-годишниот ветеран.

Поранешниот тренер на Торино и Киево, стана „непријател број 1“ на фудбалската јавност во Италија, откако со „аѕурите“ имаше фијаско во квалификациите за СП во Русија, и го загуби двомечот со Шведска.

Сега, Вентура би добил автоматска втора година на договорот со Салернитана, ако успее да го однесе клубот од југот на Италија во Серија А следната сезона. Клубот инаку е во сопственост на претседателот на Лацио, Клаудио Лотито, и минатата сезона едвај се спасија од испаѓање.

Scroll to Top