Top Sport

Роналдо не уживал во игрите на Роналдо: Меси е број 1

Бразилецот Роналдо Назарио да Лима избрал пет фудбалери кои ги гледал со уживање. Интересно на оваа листа го нема Кристијано Роналдо.

На врвот на листата која Роналдо ја составил за „АС“ се наоѓа Лионел Меси.

„Меси е број 1. Тоа е талент што ретко се гледа. Веројатно ќе поминат 20 или 30 години пред да се појави некој сличен на него“, рекол Роналдо и дополнил.

„Исто така сакам да ги гледам Салах, Азар, Нејмар и секако Мбапе“.

Крстијано Роналдо, фудбалер кој заедно со Меси обележа повеќе од една деценија во светскиот фудбал, го нема на оваа листа.

Scroll to Top