Top Sport

Роналдо нема да биде казнет, судијата ја отфрил тужбата на Кетрин Мајорга

Кристијано Роналдо, наскоро, ќе биде ослободен од сите обвиненија за силување, кои против него ги поднела американската манекенка, Кетрин Мајорга. Судијата задолжен за овој случај, дал препорака, обвиненијата да бидат отфрлени, бидејќи се темелат на комуникацијата која нелегално била објавена од Фудбал ликс, пишува германскиот „Спорт 1“.

Фудбал ликс ја објави комуникацијата помеѓу Роналдо и неговиот адвокат, која е доверлива, поради што на судот не може да се користи како доказ. Адвокатот на Роналдо, ги отфрлил обвиненијата и тврди дека Мајорга се согласила на сексуален однос со фудбалерот. Семејството на Мајорга бара обесштетување од 200 милиони долари.

Мајорга го обвини Роналдо дека ја силувал во хотелска соба во Лас Вегас во 2009 година. Една година подоцна, таа од него со вон судска спогодба добила 300.000 долари.

Мајорга, во 2018 година, со приказната за силување излезе во јавноста и го пријави случајот во полиција.
Првото рочиште го изгубила поради недостаток на докази. Потоа поднела приватна тужба, во која навела дека била „ментално нестабилна поради стресот“, кога прифатила вон судска спогодба.

Во 2009 година, кога Роналдо го договорил трансферот од Манчестер јунајтед во Реал Мадрид, славел во ноќен клуб во Лас Вегас. Во клубот Кетрин Мајорга работела како хостеса.

Роналдо ја почестил со пијалак, а потоа неа и нејзините пријателки ги поканил на дружба во неговиот апартман.

Португалецот никогаш не негирал дека сексуалниот чин се случил, но тврди дека се се случило со согласност на девојката. Верзијата на Мајорга е поинаква, а била и верзијата на Роналдо во моментот кога пред адвокатот го признал силувањето.

Токму во документите на Фудбал ликс, кои пред три години го објави „Шпигл“, се наоѓа признанието на Роналдо дека ја силувал девојката.

„Шпигл“, го објави прашалникот на 27 страници, кој Роналдо го добил од адвокатите, за да дознаат што се случило во Лас Вегас. Врз основ на тој обемен прашалник тие ја подготвиле обраната.

„Таа ми рече ‘не’ и повеќе пати бараше да прекинам. Рече дека не е са секс, бидејќи само што сме се запознале, но ме фати за пенисот. Долго време останав во таа положба. Ми призна дека не сакала да имаме однос, но беше достапна. Исто така забележав неколку модринки на нејзиното тело“, напишал Роналдо.

Оваа изјава адвокатите ја смениле и напишале само „не“.

Едно од прашањата на адвокатите било и дали девојката рекла нешто по сексуланиот однос.

„Ми рече: Идиот, ме натера на ова. Ти си идиот. Јас не сум како останатите. И реков дека ми е жал“, напишал Роналдо.

„Шпигл“, напиша дека Роналдо на адвокатите им признал дека имал секс со Кетри Мајогра против нејзина волја.

„Шпигл“, тврди дека ги поседува уште документи и дека пред 12 години, адвокатите на Роналдо, успеале да ја замолчат Кетри Мајогра.

Scroll to Top