Top Sport

Роналдо нема да го напушти Јувентус

Фудбалерот на Јувентус Кристијано Роналдо и покрај бројните шпекулации околу неговата иднина решил да не го напушта Торино, тврди „Тутоспорт“.

Договорот на Португалецот со „старата дама“ истекува за две сезони.

Италијанските медиуми изминатиот период го поврзуваа Роналдо најчесто со Пари Сен Жермен.

Оваа сезона Кристијано Роналдо има постигнато 28 голови на исто толку натпревари во Серија А. Тој е втор на листата на најдобри стрелци во Серија А, има постигнато еден гол помалку од Чиро Имобиле.

Scroll to Top