Top Sport

Десетте најголеми трансфери во Евролигата

Специјализираниот кошаркарски портал „Јурохупс“ ја објави листата од десет најголеми трансфери кои досега се реализирани во Евролигата. Најдобрите европски клубови се исклучително активни на пазарот.

Според „Јурохупс“ двата најголеми трансфери ги реализираше ЦСКА Москва. Нови играчи на „армејците“ станаа српскиот центар Никола Милутинов и репрезентативецот на Грузија Торнике Шенгелија.

Следуваат трансферите на Арамни Милано, во чии редови од наредната сезона ќе играат Малком Дилејни, Кајл Хајнс и Џиџи Датоме.

Барселона се засили со најдобриот европски плејмејкер Ник Калатес, во Валенсија пристигнаа Дерик Вилијамс и Мартин Хермансон, а во Басконија ќе игра Литванецот Рокас Гиедраитис.

Топ 10 на оваа листа завршува со Џордан Лојд кој од Валенсија се пресели во Црвена звезда.

Scroll to Top