Португалскиот фудбалски репрезентативец Кристијано Роналдо ќе го пропушти пријателскиот натпревар против Нигерија поради стомачен вирус.
Португалија, вечерва во Лисабон, ќе одигра пријателски натпревар против Нигерија, потоа Фернандо Сантош и неговите избраници ќе се преселат во Катар.
Селекторот Сантос изјави дека Роналдо има проблеми со гастритис и дека нема да биде подготвен за мечот со Нигерија.
Светското првенство започнува во недела, а Португалија на 24. ноември ќе го одигра првиот натпревар против Гана. Во групата се и Јужна Кореја и Уругвај.