Кристијано Роналдо веднаш по пристигнувањето во Торино беше назначен за прв изведувач на слободни удари, но за разлика од другите квалитети, досега не постигнал гол од слободен удар за Јувентус, во дури 28 обиди.
Петкратниот освојувач на „Златната топка“ постигна убав гол од слободен удар за Португалија да го освои трофејот од УЕФА Лигата на нации, а имаше и еден убав гол во пријателски меч со Интер во текот на летото, но по двата неуспешни обиди против Локомотив Москва во вторникот, Роналдо сега има 28 обиди без постигнат гол, кои можете да ги видите на видеото.
Од овие обиди, седум се одбранети од голманите, двата се далеку од голот, а дури 19 не успеале да го поминат живиот ѕид (како во последните девет обиди).
Инаку, Роналдо има 33 гола во 53 меча за Јувентус, а претходно вкупно 55 голови од неговите 701 во кариерата дојдоа од слободен удар – 13 за Манчестер јунајтед и 30 за Реал Мадрид. Можеби Маурицио Сари едноставно треба работата да му ја препушти на Миралем Пјаниќ на пример.